Мирко Арнаутовиќ кој во моментов игра во Кина за екипата на Шангај Порт во пресрет на дуелот со Македонија вели дека нашата репрезентација е заслужено на ЕУРО.

Кога сте на ЕУРО тогаш тоа е заслужено, драго ми е што Македонија тука, овој меч ќе биде поразличен од другите, вели 32 годишниот репрезентативец на Австрија.

„Пандев ми е многу добар пријател, некои го отпишаа поради неговите години, но тој е неверојатен, секој кој е дел од ЕП, заслужил да биде тука, во тоа немам дилеми. Македонија е многу опасна, па ќе мора да го дадеме максимумот на теренот. Овој меч ќе биде поразличен од претходните, тие се многу мотивирани но и искусни“, вели Арнаутовиќ.

Македонија и Австрија се среќаваат во недела од 18 часот.