Манчестер Јунајтед го официјализираше договорот со Арон Ван Бисака кој од  денеска е нов член на „црвените ѓаволи“. Клубот од Манчестер го потврди трансферот.

Бисака доаѓа од Кристал Палас, има 21 година,  игра на позицијата десен бек и ќе биде големо засилување за Јунајтед во новата сезона. Јунајтед за него плати 50 милиони евра, тој е најскапиот одбранбен играч во историјата на Англија.

Младиот дефанзивец настапи на ЕП во Италија со селекцијата на Англија до 21 година, се очекува негово деби и во сениорската репрезентација.

„Неверојатно добро е чувството да се наречам играч на Манчестер Јунајтед, тоа е привилегија на многу мал број на играчи. Со нетрпение очекувам да почнам да тренирам со екипата и да го одиграм првиот натпревар“ – изјави Бисака.