Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, ги коментира милиметарските офсајди, кои станаа дел ов многубројни спорови.

Според Венгер, кој е раководител на одделот за развој на фудбалот при ФИФА, смета дека ова правило треба да се модифицира.

Офсајд да не се свири, ако барем еден дел од телото на фудбалерот, кој е во прилика за гол, е на иста линија со противничкиот играч, без разлика дали со другиот дел од телото е понапред. Тоа ќе го реши проблемот и веќе нема да зборуваме за милиметри“, изјави Венгер за The Sun.

На средбата меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед беа поништени два гола на домашната екипа, притоа Оливие Жиру беше во офсајд со должината на ноктот, како што изјави тренерот на Челзи Френк Лампард.