Актуелниот првак на Англија, Ливерпул вечерва го пречекува Арсенал во дербито на 3 коло во Премиер лигата.

Избраниците на Јирген Клоп одлично ја започнаа новата сезона, по триумфот над Линколн во Лига Купот од 7:2 и одморени првотимци, домаќините се надеваат на нов триумф над Арсенал.

Артета е уверен дека неговите фудбалери може да ја прекинат традицијата и да слават на „Енфилд“ по пауза од осум години.

Кај домаќините поради повреда нема да ги видиме, Хендерсон, Матип и Чемберлејн, додека кај гостите недостапни се Чемберс, Мартинели, Мустафи а неизвесени се Тирни и Сократис.

Арсенал го совлада Ливерпул на Комјунитишилд на 29 август оваа година