Наместо промоција во дресот на „топџиите“, младиот крилен напаѓач на Лил, Николас Пеле допрва ќе размислува која понуда да ја прифати.

Откако островските медиуми објавија дека Арсенал е пред потпис со Пеле, работите се промениле. ПСЖ одлучил да достави нова понуда од 80 милиони евра и со ова да се израмни со онаа на Арсенал.

Италијанските медиуми тврдат дека Наполи исто така е во игра за ангажманот на Пеле откако заглавиле преговорите за ангажман на Хамес од Реал Мадрид.

Од целата ситуација најмногу ќе профитира Лил кој до пред два месеци беше подготвен да го продаде Пеле за 60 милиони евра но интересот од големите фудбалски гиганти му овозможи да ја подигне цената.