Вилиан се согласи да потпише краткорочен договор со Челси и да остане до крајот на оваа сезона во тимот на Лампард.

Ја доби и капитенската лента, но и покрај тоа најверојатно ќе го промени клубот ова лето, прогнозираат островјани.

Според последната најава од Англија, Вилиан е цврсто решен да замине во клуб каде ќе добие три годишен договор. Менаџерот на Арсенал, Артета немал ништо против ова и сега тој е фаворит за офанзивениот плејмејкер.

Тотенхем, Ливерпул и ПСЖ исто така се во игра за потписот на Бразилецот иако Арсенал и според букмејкерите е прв фаворит.