Арсенал се соочува со сериозен финансиски проблем, клубот објави дека ќе отпушти 55 лица кои се во постојан работен однос со клубот за да се скратат загубите предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Приходите на клубот се значително намалени, финансиските загуби се големи, мораме да реагираме, за жал многу лица ќе добијат отказ, велат од Арсенал.

„Ова е тежок период за клубот, пандемијата од Ковид-19 сериозно ја наруши финансиската стабилност, соочени сме со големи загуби, мораме да ги скратиме трошоците за клубот да има стабилна основа за прогрес. За жал, 55 лица се соочуваат со отказ од техничкиот персонал“ – потврдија од Арсенал.