Арсенал е заинтересиран за дефанзивецот на Лил, Габриел. Според Mirror.co.uk, „Топџиите“ ќе се обидат да го купат 22-годишниот Бразилец во текот на летниот преоден рок.

Договорот меѓу Лил и Габриел е валиден до 2023 година, па се очекува Лил да побара цели 30 милиони фунти или 35 милиони евра.

Управата на „Топџиите“ не е задоволна од дефанзивната линија во тимот а во летниот преоден рок се очекува продажба на Луиз, Мустафи а можно е и Белерин да го напушти Лондон.