Едномесечните преговори меѓу Арсенал и Реал Мадрид завршија со позитивен епилог за репрезентативецот на Шпанија, Дани Себалјос.

Плејмејкерот денеска ќе ги мине лекарските прегледи и ќе ја официјализира преселбата во Арсенал како позајмен играч на една година. Себалјос во екипата на Емери доаѓа како директна замена за Арон Рамси кој ова лето премина во редовите на Јувентус.

Навивачите на „топџиите“ веќе се огласија на социјалните мрежи со порака до Емери, до крајот на летото да ангажира уште најмалку еден играч од средниот ред.