Арсенал доби „наредба“ од Микел Артрета, треба да донесе два играчи во летниот преоден рок, еден од нив е Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и холандскиот интернационалец Мемфис Депај се желба на Арсенал на претстојниот трансфер период.

Барди вреди 20 милиони според Леванте, веројатноста Арсенал да издвои таква сума на македонскиот репрезентативец е реална, барем според пишувањата на медиумите во Англија.