Микел Артета сеуште верува дека ќе успее да го убеди Обамејнаг да остане во Арсенал и да потпише нов договор.

Менаџерот на „Топџиите“ веќе разговарал со напаѓачот и му најавил дека ова лето ќе има доволно промени во составот, амбициите ќе бидат подигнати ниго погоре и поради ова Обамејанг ќе има прочина да се предомисли.

Лаказет е веќе на продажба, Артета верува дека овој напаѓач не е незаменлив па во Арсенал веќе ги очекуваат првите понуди за Французинот.

Со парите кои ќе ги заработи Арсенал од продажбата на Лаказет ќе биде финансиран новиот договор на Обамејанг, пренесуваат медиумите од Англија.