Младиот напаѓач на Гент, Џонатан Давид е трансфер цел на Арсенал и Манчестер Јунајтед но и на уште неколку клубови од Бундес лигата.

Островските медиуми пренесуваат дека премиерлигашите веќе ги подготвиле првите понуди и наскоро ќе ја започнат трката за трансферот на 20 годишниот, Давид.

Интернационалецот од Канада верува дека може да стане најдобриот во светот, тоа го изјави пред неполна година а интересот за него сериозно се зголеми.

Тој во оваа сезона за Генк постигна 23 голови и 10 асистенции на 40 натпревари во сите конкуренции.