Жером Боатенг ова лето најверојатно ќе се пресели во Англиската Премиер лига.

Договорот на Боатенг истекува ова лето , а Баерн Минхен нема намера да го продолжи договорот со дефанзивецот па тој ова лето ќе си замине како слободен играч/

Веќе започна битката за неговиот потпис, а најсилен интерес покажуваат лондонските гиганти, Арсенал и Тотенхем.

Двата лондонски клуба се во потрага по квалитетен дефанзивец, па важат за фаворити за неговиот потпис.

Боатенг исто така преферира преселба во Премиер лигата, па останува да видиме кој ќе победи во трката за неговиот потпис.