Арсенал се засилува по срамот во претходната сезона, во која „топџиите“ го зазедоа само 8-то место. Откако во клубот пристигна Нуно Таварес од Бенфика, талентираниот 21-годишен играч за врска на Андерлехт, Алберт Самби Локонг, сега потпиша за клубот.

„Топчиите“ издвоија 17,5 милиони евра за неговите услуги, а белгискиот клуб може да заработи уште четири и пол милиони преку разни бонуси во претстојниот период. Тој пристигнува во Лондон по 78 одиграни натпревари во Брисел.

„Алберт е многу интелигентен играч кој покажа голема зрелост. Добро го водеше Винсент Компани. Разговарав со него и тој ми кажа позитивни работи. Веруваме дека тој е подготвен за нов чекор во кариерата“ – изјави менаџерот на Арсенал, Микел Арета.

Според најавата на добро информиран новинар кога станува збор за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, Арсенал е  близу до реализација на трансферот на дефанзивецот на Брајтон Бен Вајт. Неговото доаѓање треба да биде официјализирано во наредниот период откако дефанзивецот ќе помине низ медицински прегледи. Брајтон ќе собере 50.000.000 £ на име на овој трансфер