Микел Артета верува дека Лено мора да добие сериозна конкуренција на голманската позиција во Арсенал.

Според островските медиуми, Артета верува дека голманот на Барселона, Нето е вистинскиот избор за Арсенал со оглед на позициите на трансфер пазарот и можностите за ангажман на нов голман ова лето.

Нето има 30 години и е во сенка на Тер Штеген, бара нов клуб а интерес за него има и од Челси и Валенсија.

Ова значи дека нашиот репрезентативец, Дени Илиев кој сеуште е под договор со Арсенал не успеа да се наметне кај Арета за втора ракавица на „Топџиите“, прва останува Лено.