Според информацијата на Dailymail.co.uk, Арсенал ќе биде принуден да го продаде Пјер-Емерик Обамејанг.

Причината лежи во тоа што договорот на Габонецот завршува на крајот на следната сезона, а Обамејанг категорички одбива да ја продолжи соработката со клубот.

Ако Арсенал не го продаде Обамејанг во следните неколку месеци, тогаш тој по крајот на договорот ќе замине како слободен играч.

Инаку, за оБамејанг најмногу е заинтересиран Интер.