Управата на екипата на Арсенал, најверојатно ќе му понуди нов договор на Гранит Џака иако цело лето се шпекулираше дека тој ке го замени Лондон со друга дестинација.

Се очекуваше управата на лондонскиот клуб да го продаде, но се се искомплицира.

Рома беше заинтересирана да го ангажира трајно, но не ги исполни барањата на „топџиите“, имено тимот од главниот град понудил 15.милиони за Џака, сума што Арсенал веднаш ја одбил.

Џака претходно изјави дека сака да остане во Лондон.

“Арсенал знае каква е мојата желба. Многу ми е убаво овде во Лондон и би сакал да останам, изјави Швајцарскиот репрезентативец.

Тој има договор со тимот од Емирати до 2023 година.