Арсенал му ја одзеде капитенската лента на Гранит Џака но медиумите од островото најавуваат дека „топџиите“ сакаат да се ослободат од него и да го продадат во јануари.

Џака со однесувањето покажа дека не му е местото во Арсенал, сепак не сака да го напушти клубот кој го нуди на клубови од Бундеслигата од кад еима интерес.

По испадот на мечот со Кристал Палас, Арсенал му ја одзеде капитенската лента, ги наљути навивачите и не ги испочитува соиграчите по овој натпревар, не сакаше да с епоздрави со никого.

Арсенал нема намера да го задржи во екипата бидејќи им создава лоша атмосфера, Џака играше во Борусија Менхенгладбах, нема да има проблеми да се прилагодина фудбалот во Германија, секако ако реши да ја смени клупксата средина.