Централниот дефанзивец на Виљареал Пау Торец е главна трансфер цел на Арсенал, јавија британските медиуми.

Според истите извори, „топчиите“ се подготвени да платат 35 милиони фунти за 24 – годишниот фудбалер на шпанскиот прволигаш.

Интерес за Торес, кој има 50 настапи за Виљареал, вклучувајќи по два гола и асистенции, има и од Манчестер јунајтед, но лондонскиот премиерлигаш се надева дека ќе успее да го привлече дефанзивецот на „жолтата подморница“.