Според француски „Л’Екип“, Арсенал му понуди нов договор на Пјер-Емерик Обамејанг. Актуелниот договор на Габонецот истекува наредното лето, а интерес за него изминатиот период пројави ПСЖ.

Поради тоа „Топџиите“ се обидуваат да го задржат својот најдобар фудбалер со нов договор. ПСЖ наводно е подготвен да издвои 45.милиони евра за Габонецот, кој сигурно повеќе вреди, но поради неговиот договор кој е до 2021.година би можело управата на Арсенал да биде приморана да го продаде за значително помала цена.

Обамејанг сепак е во плановите на управата од „Емирати“ која му нуди нов договор. Тој тоа и го заслужува, откако од 2018.година на 97, натпревари постигна 61. гол.