Арсенал и Пјер-Емерик Обамејанг не успеаа да се договорат за продолжување на соработката, па е сега се поизвесно неговото заминување на крајот на сезоната.

Ова на својот твитер го тврди новинарот Николо Скира, кој додава дека ситуацијата будно ја следи раководството на Интер, кое во Обамејанг гледа замена за Лаутару Мартинес, ако овој замине во Барселона.

Оваа сезона Обамејанг настапи на 25 средби во Премиер лигата и постигна 17 гола, при една асистенција. Неговиот договор со Арсенал вреди до лето 2021 година.

Вчера играта на Обамејанг ја пофали тренерот на Арсенал Микел Артета, кој се заложи клубот да го задржи Габонецот.