Англиските медиуми утрово објавија дека англискиот фудбалски клуб Арсенал до крајот на преодниот рок ќе го реализира најголемиот трансфер во клупската историја.

„Топчиите“ од Лондон подготвија понуда од 80 милиони евра за младиот фудбалер на францускиот Лил Николас Пепе. Доколку потпише за Арсенал овој играч ќе стане најскапо засилување на „топчиите“ во нивната историјата.

Досегашниот рекорд е Пјер-Емерик Обамејанг, кој во јануари 2018 година пристигна од Борусија Дортмунд за сума од 65 милиони евра плус бонуси.