Најавите се потврдени, менаџерот на Арсенал и официјално е позитивен на тестот за Коронавирус и ќе мора да биде во изoлација како и сите останати вработени во клубот, но и играчите.

Ова го потврдија „Топџиите“ на официјалниот Твитер профил откако во текот на денот се појавија низа шпекулaции со здравствената состобна на членовите на Премиерлигашот од Лондон.

На другата страна од Англија, пристина потврда дека Флоријан Менди од Манчестер Сити исто така е позитивен на Ковид-19. Преtходно тројца играчи на Лестер исто така биле позитивни на тестирањето за Коронавирусот.

По ова јасно станува дека предвидените натпревари за овој викенд од 30 коло во Премиерлигата извесно е дека ќе бидат одложени. Од Премиер лигата за утре најавија итен состанок на кој ќе се разгледува евентуалното одложување и стопирање на првенството.

Веќе е потврдено дека натпреварот меѓу Брајтон и Арсенал нема да се игра, односно е одложен без потврден следен теремин.

Standings provided by Sofascore LiveScore