Откако Арснеал го освои ФА Купот, менаџерот на „топџиите“, Микел Артета се подготвува на летна распродажба на дел од играчите кои го освоија Купот.

Според  „Дејли Меил“, Артета сака да се ослободи од голем број играчи за да создаде сериозен буџет за трансфери ова лето.

На листата за продажба се Озил, Лаказет, Шкодран Мустафи, Роб Холдинг, Сократис, Сеад Колашинац, Белерин…

Желбата на Арсенал е доведување на Кутињо, но и на играчот од средниот ред на Атлетико, Томас Партеј.