Според информациите Daily Mirror, во раководството на Арсенал сериозно се размислува за враќањето на Арсен Венгер.

Но, тој не се враќа за да го замени сегашниот тренер Микел Артета, туку токму за да му помогне и да ги собере околу него навивачите на Арсенал, особено што Артета од самиот почеток покажува желба да ги следи клупските традиции.

Засега не е јасно што точно ќе работи Венгер, кој, иако на крајот беше отпуштен од Арсенал, се смета за најголем тренер во историјата на клубот. Се планира во наредните години да се постави и споменик на Венгер пред стадионот „Емирејтс“.

Венгер 22 години го предводел Арсенал и со него освои 17 титули: три во Премиер лигата и седум во Купот на Англија и седум во Суперкупот на Англија.