Плејмејкерот на Арсенал, Лукас Тореира посакува да го облече дресот на Бока Јуниорс што е спротивно од плановите на Артета за новата сезона.

Уругваецот повеќе од шест месеци се поврзува со заминување од Арсенал а во редот на заинтересирани чекаат Милан, Валенсија, Интер и Бетис.

Сепак на Тореира најмногу му се допаѓа идејата тој да игра за Бока Јуниорс што во основа значи расипување на плановите на раководството на „Топџиите“ кои планираа да зработат најмалку 60 милиони евра од продажбата на Ториера.