Екипата на Арсенал покажува сериозен интерес да го доведе во својте редови играчот на Интер Лаутаро Мартинез.

Интер има финансиски проблеми и ќе мора да продаде некоја од своите ѕвезди, а Арсенал сака да ја искористи таквата ситуација.

„Топџиите“ се спремни да понудат 70 милиони евра за Аргентинецот плус бонуси, но ќе треба да ја победат силната конкуренција.

Лаутаро во моментов одбива да се пресели во тим кој не настапува во Лигата на шампиони, но Арсенал е спремен да му понуди двојно поголема плата од актуелната.