Неговиот Арсенал е можеби последна шанса за поранешниот англиски репрезентативец Џек Вилшер да ја оживее својата кариера.

Тој пред три години го напушти клубот каде сите го гледаа како капитен и се пресели во Вест Хем. Сега е без клуб откако на крајот на минатата сезона ја заврши соработката со Бурнмаут.

Тој сега има покана од тренерот Микел Артета да тренира со Арсенал, што може да биде голема шанса за враќање на терените.

„Да се биде со добри пријатели и да тренирате со играчи од светска класа е нешто што ме прави среќен. Се надевам ќе разговараме и околу иднината“– изјави Вилшер.