Дани Себалјос наскоро ќе биде представен како нов играч на Арсенал откако Реал Мадрид ја прифатил понудата од „топџиите“ за едногодишна позајмица на плејмејкерот.

Арсенал ќе го добие Себајлос на една година, ќе му ја покрие платата во целост а на „Кралевите“ ќе им исплати 3 милиони евра.

Преговорите се во завршна фаза а траеле повеќе од две недели. Себалјос не е во плановите на Зидан и поради ова понудата од Лондон доаѓа во вистинско време, пренесува Марка.