Арсенал покажа голем интерес за играчот за врска на Авр, Папе Гује, кого планираат да го купат во летниот преоден рок, пишува Estadio Deportivo.

Договорот на Гује со Авр завршува на крајот од следната сезона, а за него се интересираат и Севиља, Милан и Удинезе.

Претходно се зборуваше и за интересот на Арсенал за дефанзивецот на Лил, Габриел.