Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го коментира најверојатното неучество на клубот во Лигата на шампионите.

„Секој играч на светот сака да игра во Лигата на шампионите и ако можете да му го овозможете тоа полесно е е да го договорите или да го продолжете постоечкиот договор. Ние сакаме да играме во Лигата на шампионите, но ќе биде тешко, затоа што игравме полошо од првите четири екипи што ќе настапат во Лигата. Таква е реалноста, која мораме да ја прифатиме и да реагираме на најдобар начин. Клубот претрпе огромни финансиски загуби, поради неучеството на Арсенал на три Лиги на шампионите, особено што буџетот бил проектиран како да ќе учествуваме. Треба да сме подготвени за секое можно сценарио и да имаме готов план“.