Менаџерот на Арсенал, Микел Артета им се заблагодари на сите за поддршката, откако беше објавено дека е позитивен на Коронавирусот.

„Топџиите“ во четвртокот објавија дека тренинг центарот го затворија, и сите лица кои биле во контакт со Артета се во изолација.

„Благодарам на сите за поддршката. Веќе се чуствувам подобро. Пред нас е голем предизвик. Здравјето е најважно засега. Штитете се едни со други и следете ги препораките од надлежните“-изјави Шпанецот.

Премиер лигата нема да се игра до први април.