Лестер успеа да го совлада Арсенал во Лондон со 1:0 со голот на Варди, по што „Топџиите“ остана на девет побда по шест кола во новата сезона во Премиер лигата.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета беше разочаран од конечниот епилог.

„Натпреварот се одвиваше како што очекувавме, иамвме тоталлна контрола над играта во првото полувреме, тие не можеа ништо посебно да креираат. Ние ја освојувавме топката, имавме и неколку шанси. Тие се бранеа „длабоко“ во второто полувреме, чекаа да направиме грешка и во еден момент го искористија тоа.“ – изјави Артета.

Шпанецот ги спореди Лестер со Манчестер Сити во начиот на кој ги користат шансите.

„Заслужевиме да победиме, игравме против добар тим и одлични играчи. Тоа што не примивме гол и игравме со нашиот квалитет и смиреност беше одлично да се види. Моите момци беша фантастични.“ – изјави Роџерс, тренерот на Лестер.