Арсенал го запиша вториот пораз во низа во Премиер лигата откако загуби на гостувањето кај Астон Вила со 1:0 во 23 коло.

„Топџиите“ уште еднаш покажаа дека оваа сезона се далеку од конзистентни а Артета го посочи главниот проблем.

„Екстремно сум разочаран затоа што загубивме и на начинот на кој го направивме тоа. Ние бевме подобриот тим, го контролиравме натпреварот, им дозволивме да имаат три големи шанси, тие беа подобри во петтерецот, но ние имавме повеќе шанси. Едноставно кога ќе им ја дадете топката, тие ќе ве казнат. Не смееме да губиме натпреварите секоја недела на овој начин.“ – изјави Артета.

Во следното коло Арсенал ќе ги пречека Лидс и Алиоски.