Проблематичната сезона на Арсенал во Премиер лигата не е причина за Микел Артета да добие отказ од менаџерската функција.

Островските медиуми најавуваат дека раководство на „Топџиите“ ќе му овозможи на Артета 80 милиони фунти за засилувања во зимскиот преоден рок.

Прв на листата желби на Артета е Уругваецот Макси Гомез од Валенсија. Напаѓачот има откупна клаузула од 125 милиони евра, но клубот од Ла Лига е подготвен да го продаде за двојно помала цена и да реши дел од финаниските проблеми со кои се соочува.

Гомоез постигна 14 гола на 53 натпревари за Валенсија по трансферот од Селта Виго во 2019 година.