Микел Артета пред неколку седмиц седна на клупата на Арсенал и веќе Шпанецот по секоја цена сака да ја зајакне одраната која е најслаб дел од теренот на „Топџиите“.

Артетан пред да дојде во Арсенал  беше долги години помошник на Манчестер Сити и Гвардиола, од каде во наредните неколку денови ќе се обиде да го доведе дефанзивецот Џон Стоунс.

Англискиот репрезентативец подолг период е во втор план кај Пеп и сака да ги напушти „граѓаните“ како би се докажал кај селекторот Саутгејт во пресрет на ЕП кое ќе се одржи наредното лето.

Според „Sun“ Артета го контакирал Гвардиола, за услугите на Стоунс, а менаџерот на Сити наводно се согласил да го пушти Англичанецот на „Емирејт“.

Стоунс има одиграно само десет натпревари во Премиер лигата оваа сезона, или 789 минути, и не е задоволен што е пред него е Фернандињо, кој е играч од средниот ред.