Бразилецот Вилиан во новата сезона се очекува да игра за Арсенал откако го напушти Челси а во тимот на Артета да се врати на позицијата на која се прослави во Порто.

Вилиан ќе ја добие улогата на Озил, веднаш зад најистурениот во нападот. Вилиан се очекува да потпише тригодишен договор.

Артета во меѓувреме се обидува да дојде Филипе Кутињо од Барселона, но поранешниот играч на Ливерпул побарал да заврши сезоната во ЛШ а потоа да започне преговори со клубовите кои се заинтересирани за него.

Од Арсенал се очекува ова лето да си заминат: Џака, Лаказет, Озил, Белерин и Сократис.