Менаџерот на Арсенал, Микел Артета смета дека Манчестер Сити сезонава немале воопшто среќа. Шпанскиот тренер ќе се врати на „Етихад“ во среда кога „грѓаните“ ќе го дочекаат Арсенал во одложениот меч од 28.коло во Премиер лигата.

Топџиите се во серија од три победи, додека тимот на Гвардиола загубија во последното коло од градскиот ривал Јунајтед.

„Некогаш ситниците прават разлика. Мислам дека Сити оваа сезона. Тоа е фудбалот. Ние знаеме дека треба да бидеме најдобри што можеме како би имале било каква шанса за победа во среда. Тоа ќе биде посебна вечер за мене“-изјави Шпанецот.