Арсенал оваа сезона не успеа барем досега да ја стабилизира формата во Премиер лигата, берн Лено направи неразбирлива грешка по која Евертон дојде до победа од 1:0.

Менаџерот на „Топџиите“, Микел Артета призна дека е разочаран, но нема време за губење, играчите мора да се насочат кон она што ги очекува во четврток против Виљареал.

„Мора побрзо да го заборавиме ова разочарување и да се фокусираме на нашата енергија за она што не очекува. На теренот покажавме дека сме подобриот тим. Ја контролиравме играта и имавме неколку шанси за да го отвориме резултатот. Полуфиналниот натпревар со Виљареал во Лига Европа е многу поважен за нас. Не сакам да се правдам и ги разбирам протестите на навивачите.“ – вели Артета.