Микел Артета предводникот на Арсенал нема намера да замине од клубот според неговата изјава за медиумите.

Арсенал вчера беше елиминиран од Виљареал во Лигата на Европа откако не успеа да слави во реваншот и одигра само 0-0 и не ја надополни негативата што ја имаше од првиот меч , па Англискиот тим се соочува прв пат после 26 години со можност следната сезона да не се појави во ниедно европско натпреварување.

Се шпекулира дека Артета би можел да го напушти клубот, а на прашањето дали смета дека тој е вистинскиот да биде тренер на Арсенал Артета одговори: Да не е така, не би седел тука.

„Не се работи за зборови, тоа треба да го покажеме на теренот. Секогаш сме под притисок биејќи сакам да дадам се од себе за екипата, за поддршката која ја имам и навивачите. Ова е разочарување бидејќи се обидувавме да се пласираме во финале. Мислам дека сечија работа е под лупа“, изјави Артета.

Според оваа изјава Артета не размислува за отказ и е спремен уште долго да го предводи Арсенал.