Екипата на Арсенал игра сезона за заборав. Топџиите се соочуваат прв пат по пауза од 26 години да не настапат во ниедно Европско натпреварување следната сезона.

Арсенал по 34 кола во Премиер лигата се наоѓа на 10. место со 49 бодови, без изгледни шанси за место погоре на табелата.

Топџиите вечерва го пречекуваат тимот на ВБА кој и официјално испадна од „елитата“ па во пресрет на натпреварот Микел Артета излезе со интересна изјава.

„На составот му требаат промени. Во декември веќе имаше многу промени, што не е направено со години, но тоа зборува многу за тоа каде бевме. Треба да се направат уште некои измени и сопствениците ќе го поддржат тоа. Сè уште сме во процес, во текот на изминатите неколку месеци поставивме многу цврсти столбови и темели за иднината“, изјави Артета.

Останува да видиме , дали навистина се спремаат промени во Арсенал , или Артета нема да ја почне следната сезона како предводник на „топџиите“.