Микел Артета го чека уште многу работа за да го врати Аренал во игра за трофеи во Англија. Ова го потврди Шпанецот во разговорот со Јан Врајт и потсети дека Унаи Емери направил тотален хаос во соблекувалната на Арсенал во последните недели пред да си замине.

„Сега се обидуваме да го трансформираме тимот но и менталитетот. Доаѓањето во Арсенал во тој момент беше одлука за која можам да кажам дека не беше лесна да се донесе. Во тимот очигледно имаше лоша енергија, играчите не беа во заедништво, тоа се чуствуваше и до трибините кај навивачите. Морав и тоа и го правам, се обидувам да го вратам тимот на правилниот пат. “ – изјави Артета.

За Артета предизвик е и да ги задржи дел од најдобрите играчи, Обамејанг, Лаказет и Озил се поврзуваат со заминување од „Емирати“ ова лето.