Екипата на Арсенал веќе неколку години е далеку од европскиот врв , а како што делува ситуацијата и оваа година „топџиите“ ќе останат далеку со оглед на лошиот старт на сезоната.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета уште од стартот на сезоната се соочува со огромен притисок по неуспешниот вовед во англиската Премиер лига.

Сега за „топчиите“ следи големото градско дерби со Тотенхем за кое Артета знае дека е најтежок натпревар во сезоната и средба која може да го одреди понатамошниот тек на клубот.

„Ова е најзначаен натпревар во годината кој ќе го одиграме на домашен терен. Емотивно е поинаков од останатите, знаеме колку е важен за навивачите.Ќе се погрижам сите играчи да сфатат колку е значајно ова. Навивачите го доживуваат емотивно, а влогот е малку поголем во ваков натпревар“,  -изјави Артета кој се надева дека ќе го подигнат нивото на самодоверба со врзани победи.