Тренерот на Арсенал Микел Артета, кажа дека е незадоволен пореди неорганизиранта игра во првото полувреме од мечот против Виљареал во полуфиналето од Лигата на Европа, но дека верува дека неговата екипа може да се пласира во финалето.

„Не сакавме да изгубиме, но начинот на кој натпреварот се одвиваше, губевме 2:0 со десет играчи, ова е веројатно најдобриот резултат кој можевме да го извлечеме. Беа тоа две различни полувремиња. Во поголемиот дел од првото полувреме тоа не бевме ние, бевме неорганизирани, не бевме прецизни со топката и не го контролиравме доволно натпреварот“– изјави Артета.

Арсенал преку Николас Пепе од пенал успеа да постигне многу важен гол во гости.

„Не бевме доволно опасни, немавме желба да нападнеме во шеснаесетникот, но во второто полувреме бевме многу поразлични. Се навикнавме Бакајо Сака да игра добро оваа сезона, но та ни говори дека мораме да работиме повеќе, затоа што не можеме секогаш да потпираме на него“- наведува Артета.

„Уверен сум, имаме шанси да победиме во двомечот, тоа е сигурно“- оценува Артета.

Реваншот се игра на шести мај во 21 часот во Лондон.