Менаџерот на Арсенал, Микел Артета тврди дека е фокусиран само на подобрувањето на играта и на резултатите на „Топџиите“, дека нема време да се занимава со шпекулации и можни промени во јуни.

Неофицијално, Артета е прв пик на претседателскиот кандидат во Барселона, Хуан Лапорта кој најави и останување на Меси ако тој победи на престојните избори.

„Секогаш има шпекулации кога има избор во Барселона, тоа е голем клуб. Имам убави спомени од детството таму, но посветен сум максимано на мојата работа тука, во Арсенал. Има уште многу што да се направи во овој клуб и навистина уживам што ја имам привилегијата да го предводам овој клуб.“ – изјави Артета.