Арсенал остана без шанса за трофеј во ФА Купот откако загуби на гостувањето кај Саутепмтон во 1/16 финалето во ФА Купот.

Микер Артета призна дека неговите фудабалери не одиграле доволно за да се пласираат во осминафиналето и најави нови засилувања во овој преоден рок.

„Тажен сум затоа што сме елиминирани. Разочаран поради начинот на кој примивме гол. Имавме проблеми во првото полувреме, направивме грешки поради нивниот висок пресинг, во втриот дел имавме неколку добри шанси но тоа не беше доволно. Ова беше израмне натпревар. Сега се насочуваме кон трансфер пазарот па ќе видиме што ќе се случи.“ – изјави Артета.