Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја коментираше победата над Портсмут во осминафиналето на ФА Купот од 2:0.

Навистина сум презадоволен од играта на младите фудбалери. Чувствувам огромно задоволство во работата со нив. Тие ја заслужуваат својата шанса. Да, секогаш има ризик да не биде се како што треба, но овие момци го заслужуваат тој ризик. Портсмут беше добар партнер, но ние ја имавме контролата врз играта. Постигнавме два гола, можевме да дадеме уште некој. Во Купот на Англија има многу натпревари, но ние сме на вистинскиот пат. Да видиме кого ќе ни го донесе ждрепката, но ние ќе се движеме напред. Јас верувам во младите играчи, имаме добри и брзи млади фудбалери, каков што е Рис Нелсон, кој може да го мине секој противник“. -изјави Артета.

Навивачите на Арсенал во меѓувреме се во очекување на ставот на клубот околу најавената продажба на дел од играчите како што се лаказет, Озил и Обамејанг.