Последните неколку дена го предомислиле Артур и понудата од Јувенутс за трансфер во Торино како дел од најаната трампа со Пјаниќ.

Италијанските медиумите пренесуваат дека Бразиелцот сега е расположен да преговара со Јувентус и категорично отфрлил да се пресели во Милан.

Со ова се прави значителен чекор напред во однос на преговорите меѓу Јувентус и Барселона за трампата на Пјаниќ и Артур во која можно е да биде вклучен уште по еден фудбалер од двете страни.

Сари е подготвен да остане без Пјаниќ но само доколки го добие Артур во спротивен правец, тврди „Калчо Меркато“.