Извор близок на фудбалерот на Барселона, Артур, тврди дека тој нема намера да ја напушти Каталонија и покрај понудата од Јувентус.

„Старата дама“ се обидува да направи трампа меѓу Артур и Пјаниќ и последните информации говореја дека работата е при крај. Сепак, од таборот на Артур велат дека тој е среќен во Барса и сака да го продолжи престојот во шпанскиот гигант.

 „Артур сака да остане во Барселона 100 проценти, тој нема намера да менува клубови.Нема вистина во натписите дека тој сака да се пресели во Италија“ -изјави пријател на Артурт за ЕСПН.

Покрај оваа изјава вчера демант на сите натписи даде и мајката на Артур, Лусија која вели дека нејзиниот син е задоволен и среќен во Барселона.