Јувентус и Барселона се пред реализација на размената на играчи, Артур Мело ќе дојде во Торино, Миралем Пјаниќ во ќе стане соиграч на Лео Меси.

Според последните информации од Шпанија и Италија, Мело начелно се сложил да прејде во Јувентус откако првично ја одби понудата да се пресели во Торино.

Ањели и Бартомеу веќе разговарале за размената на играчи иникој нема проблем да се реалзира трампата, проценката е дека Артур и Пјаниќ имаат речиси иста вредност на трансфер пазаротпо 50 милиони евра.

Бразилецот Артур во разговор со претседателот на Барселона првично потврдил дека може да се пресели во Италија кај Јувентус но за тоа ќе мора да ги договори личните услови што не би требало да биде прблем за „старата дама“.